Поетски караван на ДПМ вечерва и во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Националната Установа – Центар за културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе гостува Поетскиот караван на ДПМ составен од 20 автори од различни генерации.

Loading...

Љубителите на литературата од Куманово имаат можност да се сретнат со поетите Трајче Кацаров, Виолета Златева Танчева, Борче Панов, Билјана Станковска, Филип Клетников, Марина Мијаковска, Бобан Богатиновски, Христо Петрески, Елена Пренџова, Раде Силјан, Мито Спасевски, Санде Стојчевски, Ефтим Клетников, Веле Смилевски, Стојан Тарапуза, Милош Линдро, Сеида Бегановиќ, Иван Чаповски, Александар Поповски и Јовица Илиќ.

Годинашниот циклус на Поетскиот караван на ДПМ се одржува во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во земјата.

Поетите до сега гостуваа во Гевгелија, Крушево, Свети Николе, Крива Паланка, Битола, Штип, Тетово, општина Илинден, Македонски Брод, Демир Хисар и Лазарополе, а учествуваа и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.

Караванот ќе започне во 19 часот.