Поет од Јапонија ќе стане член на Друштво на писатели од Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

Писателот од Јапонија, Таро Аизу ќе стане член на Друштвото на писатели на Куманово, откако неодамна ја посети Македонија и беше дел од поетска средба во Тетово.

Loading...

Таро Аизу е роден во регионот Аизу на префектурата Фукушима, а во моментот живее во Канагава блиску до Токио. Тој пишува хаиуку поезија во последните 20 години, како и гогиоши во последните 12 години и тоа на јапонски, англиски и француски јазик.

По експлозијата во нуклеарната централа на 12 март 2о11, Таро Аизу заминува во Фукушима, инаку негов роден град кога и добива инспирација да ја напише неговата поема “Мојот роден град Фукушима”, инаку преведена подоцна на 20 светски јазици.

Аизу е автор на повеќе книги, а во 2014 ја издава својата книга “Мојата Фукушима”, напишана на три јазици. Следејќи ја инспирацијата од неговата поезија, уметници од Холандија, Германија, Португалија, Шпанија, Франција и Бразил организираат изложби посветени токму на таа тема.

Во октомври 2015, Аизу на покана за учество на Меѓународен поетски фестивал во Тетово “Денови на Наим”, ја добива наградата за литературна кариера.

Според очекувањата, во 2016 година, изложба посветена на Фукушима и нуклеарната катастрофа која го задеси градот ќе се одржи и во Куманово и во Скопје, а во меѓувреме, на покана на Друштвото на писателите од Куманово, Аизу ќе стане член на здружението со што неговите записи ќе бидат публикувани, заедно со поезијата на останатите членови.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.