Подолгите денови можат да го подобрат вашето расположение: Колку време дневно поминувате на дневна светлина?

Сподели со своите пријатели

Подолгите денови можат да го подобрат нашето расположение. Студиите покажаа дека изложеноста на дневна светлина го активира невротрансмитерот серотонин, кој е поврзан со подобрување на расположението и чувство на смиреност.

Loading...

Истражувањата понатаму покажаа дека ниското ниво на витамин Д (кое го добиваме директно од сончева светлина) може да има негативно влијание врз нашето ментално здравје, и може да влијае на појава на депресија и анксиозност, пишува „Убавина и здравје“.

 

 

Добрата вест е дека можеме, на многу едноставен, природен начин, да го зголемиме нивото на серотонин и витамин Д во организмот – со тоа што ќе останеме на сончева светлина. Сепак, ова може да биде проблем за сите оние чие работно време не им дозволува да поминат дел од денот надвор.

Како да се користи дневната светлина?
Бидејќи во повеќето случаи немаме можност да работиме надвор, важно е да ги слушаме советите на експерти кои ќе ни помогнат да ја добиеме потребната дневна доза на природна светлина, без нарушување на нашиот дневен распоред и обврски.

Обидете се да испланирате барем една утринска рутина надвор. Без разлика дали станува збор за пиење на првото утринско кафе, појадок, вежби за истегнување или одговарање на е-пошта.

Loading...

 

 

Веднаш штом ќе се загрее доволно, а деновите се подолги, ако немате двор, излезете на терасата и извршете ги вашите стандардни утрински ритуали на дневна светлина. На тој начин, без да го нарушите денот, ги добивате потребните количини на витамин Д на дневна светлина и го подобрувате расположението, а добивате енергија и за остатокот од денот.

Leave a Reply