Поднесено обвинение против Зоран Божиновски за злосторничко здружување, шпионажа и уцена

Сподели со своите пријатели

Основното јавно обвинителство вчера покрена обвинение против кумановскиот новинар Зоран Божиновски и тоа за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Од обвинителството велат дека по сеопфатното разгледување и анализа на прибраните докази, Основниот суд Скопје 1 Скопје поднело предлог за продолжување на мерката притвор поради постоење на основано сомнение дека обвинетиот сторил кривични дела и тоа: Злосторничко здружување од чл.394 ст.2, Шпионажа од чл.316 ст.3 в.в. со чл.45 и Уцена од чл.259 ст.2 в.в. ст.1 в.в. со чл.19 од Кривичниот законик.

„За овие кривични дела осомничениот беше гонет во текот на 2013 година, но поради неговата недостапност на органите на прогонот истрагата беше прекината и продолжи по екстрадиција на обвинетиот од Република Србија во Република Македонија на 21.04.2016 година“, велат од Обвинителството.

Во април годинава новинарот Божиновски кој е познат по бројните критики кон власта беше екстрадиран во земјава.

Извор: Фактор

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.