Подгответе вкусни ванила колачиња на брз и едноставен начин

Сподели со своите пријатели

Колачите од ванила се стар рецепт кој младите генерации мора да го пробаат

Loading...

 

 

Состојки:

200 гр маст (што ја прави ванилата да не се исуши)

1 јајце

1 жолчка од јајце

Loading...

500 гр брашно

5 лажици шеќер

сок од 1 лимон

2 кесички ванилин шеќер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Маста изматете ја додека не се соедини, а потоа додадете ги жолчките и едно цело јајце, шеќерот и сокот од 1 лимон. Потоа додадете го брашното, замесете тесто и развлечете ја кората дебела 1/2 см.

 

Loading...

 

Колачињата се вадат од тестото со чаша и се редат во ненамастена тава. Печете, но за да не ги препечете, туку бледо испечени. Лепете две по две со џем по  ваш вкус, па секое посипете го со шеќер во прав во кој сте додале 2 кесички ванилин шеќер.