Подгответе се за зима- доаѓа дожд и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Топлото време, нетипично за овој дел од годината ќе се промени во петок кога поради создавање на циклон ќе започне и првиот ноемвриски дожд годинава, јавува порталот Метеопро.

Loading...

Првите врнежи може да се очекуваат уште во сабота , но само на планините во западниот регион, додека во недела се очекува дожд во најголем дел од земјава. Овој бран на врнежи, според засега достапните прогностички материјали, ќе се задржи и во понеделник.

Заедно со врнежите се очекува и значителен пад на температурата. Засега, очекуваме мала промена во насока на пад на температурата за време на викендот, но веќе во периодот по понеделник се очекува температура со максимални вредности генерално под 10°С.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.