Подгответе се за температурен шок во недела: Пад на температурите за повеќе од 10 степени

Сподели со своите пријатели

До петок ќе се задржи претежно сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9, а според прогнозираните температури до петок целава земја ќе биде во портокалова фаза во однос на опасноста од високи температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе се задржи висока. Во вечерните часови и преку ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд и грмежи, а најобилни врнежите се очекува да бидат во североисточните делови.

Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, на места и за повеќе од 10 степени во однос на сегашната.

Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината, велат од УХМР.