Подгответе се за дожд: Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Денеска наутро по одделни котлини и речни долини низ Македонија ќе имаме појава на магла и ниска облачност, информираат од Управата за хидриметеоролошки работи.

Loading...

Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена, а кон крајот на денот со зголемена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, поизразен во западните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу осум степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 18 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре во Куманово ќе имаме променливо облачно време со кратки сончеви периоди. Во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста што ќе донесе услови за краткотрајна нестабилност проследена со врнежи од дожд и електрични празнења.

Низ кумановско утре температурата во утринските часови ќе се движи околу шест степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 17 степени целзоусови.

 

 

Loading...

Недела носи претежно облачно време со внрежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен над нулата, додека максималната дневна температура се очекува да се искачи до 12 степени целзиусови.

 

 

Врнежите се очекува да престанат веќе од понеделник.

Никола Ивановски