Подготвен проектот за затоплување на кумановскиот Центар за култура

Сподели со своите пријатели

Проектот за гасификација на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово е завршен и подготвен, информираа денеска надлежните од установата.

Loading...

Штом ќе се обезбедат потребните финансиски средства ќе започне да се реализира проектот за гасификација на установата, со што ќе се надмине повеќегодишниот проблем со затоплувањето на просториите со коишто располага.

– Проектот е завршен, заедно со извршената ревизија и сите потребни документи и дозволи го добивме. Имаше тешкотии околу обезбедување на сите потребни дозволи, меѓутоа со помош и инцијатива успеевме да ги обезбедиме. Проектот го изработи фирмата Филбис од Скопје по претходно спроведена постапка за јавна набавка. Одвоивме сопствени средства за изработка од 436.600 илјади денари. Веќе аплициравме во Министерството за култура од годишната програма. Секако дека ќе побараме и средства од Владата од Општината и од други институции задолжени за реализирање на вакви проекти-изјави, директорот на установата, Сашо Тодоровски.

Центарот за култура е без затоплување 14 години. Просторот кој планира да се загрева е 4.500 метри квадратни односно целата површина на Центарот за култура. Објектот е изграден 1981 година и еден од најубавите објекти во државата, но токму поради неможноста за загревање три месеци граѓаните не можат да следат настани во зимскиот период.

Leave a Reply