Подготвен предлог-законот со кој недела ќе стане неработен ден

Сподели со своите пријатели

На денешната прес-конференција  на портпаролите на Владата Душко Арсовски и Муамет Хоџа беше соопштено дека на барање на синдикатите и во тесна соработка со Владата е подготвен Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи.

Loading...

Со овој предлог закон се дефинира дека недела е ден на неделен одмор, и  се очекува наскоро да биде усвоен од страна на Собранието, бидејќи е во насока на унапредување на работничките права.

Со овој Предлог-закон се овозможува над 92 проценти од вработените да одмораат во недела.

Исто така измените предвидуваат најмалку 50 проценти повисока дневница и слободен ден.