„Подари радост“ за децата од социјално загрозени семејства да ја почувствуваат новогодишната магија

Сподели со своите пријатели

По повод претстојните божиќни и новогодишни празници, Културно информативниот центар на Србите во Македонија – Спона, со помош на своите пријатели, спортисти и луѓето со добра волја, повторно организира акција за собирање средства за купување на пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства со цел да им помогне на најмладите да имаат посреќни празници. 

– Ќе ги повикаме сите добри луѓе да ни се придружат, да се дружиме и заедно да собереме средства за пакетчиња, затоа што детската насмевка нема цена. Хуманитарната забава под мотото „ПОДАРИ РАДОСТ” закажана е за понеделник 18.декември 2017, во кафе бар Винил (Партизански одреди 14, спроти Соборниот Храм Св. Климент Охридски) со почеток од 20.00 часот, велат организаторите.

За оваа забава, како што стои во дописот за медиумите, нема да се наплатуваат влезници, потребна е само добра волја, да дојдете, да се дружиме и донираме. За сите присутни ќе приредиме специјално изненадување.