Под мразот во Сибир пронашле леш стар 18.000 години: Никој не знае за кој вид станува збор (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Научниците пронајдоа неверојатно зачуван труп на младенче во Сибир, за кој не се знае дали станува збор за куче или волк, пренесува BBC.

Loading...

Пронајденото животно имало само два месеци кога починало, а научниците биле воодушевени од тоа колку мразот ги зачувал крзното, носот и забите на кучето.

Сепак, тие сè уште не биле во можност да утврдат точно какво животно е ова, односно дали е куче или волк.

Исто така, постои и трета опција – дека ова е всушност досега непознато животно кое било еволутивна врска меѓу волците и модерните кучиња, велат научниците, пренесува BBC.

Со метода на радиокарбонско датирање утврдено е кога кученцето починало и колку долго било замрзнато, додека анализата на геномот открила дека станува збор за машко животно.

– Веќе добивме многу информации и некој би помислил дека до сега би знаеле дали станува збор за куче или волк. Редоследот на ДНК всушност покажа дека може да се работи за животно кое е исто така вообичаен предок на волци и кучиња – рече Дејв Стантон од Центарот за палеогенетика во Шведска.

Друг научник од споменатиот центар, Дален Хант, на својот профил на Твитер објави статус во кој се вели дека тоа може да биде најстарото куче што некогаш било пронајдено.

За да не остане на претпоставките, научниците ќе продолжат со секвенционирање на ДНК со надеж дека ќе откријат претходно непознати работи за еволуцијата на кучињата.

Loading...

Инаку, се смета дека модерните кучиња потекнуваат од волците, но сепак има жестока дебата за тоа кога точно кучињата биле припитомени, односно кога започнале да живеат со луѓе.

Една студија од 2017 година сугерира дека тоа веројатно се случило пред 20 до 40 000 години.

Leave a Reply