Под мотото „Детето е дете насекаде во светот“ вчера се одбележа патрониот празник на Општинското основно училиште „Вук Караџиќ “ и воедно 71 години од постоењето на училиштето.
Со скромна приредба пред родителите и наставниците, учениците од ООУ „Вук Караџиќ “ ги покажаа своите вештини во рецитали, песни, ора и глума, ставајќи акцент пред сѐ на детските права и обврски и еднаквоста на децата во целиот свет.
Директорката, Надица Петровска, најпрвин одржа поздравен говор во кој меѓу другото ги истакна сите ученици и ментори кои оваа учебна година, го претставуваа училиштето на општински, регионални и државни натпревари и коишто освоија високи награди, со што достојно го претставија училиштето во локалната средина.
Чест и задоволство е тоа што учениците од ова улилиште со намален број на ученици, сепак освојуваат награди и постигнуваат успеси – рече Петровска.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.