Почнаа измамите со огревно дрво: Кумановец измамен за 300 евра

Сподели со своите пријатели

Повозрасен кумановец денеска пријавил дека бил измамен за 300 евра, откако едно лице му понудило огревно дрво, а потоа друго од неговата сопруга ги зело парите.

Loading...

– На 10.05.2021 година во 11.00 часот во СВР Куманово, 72-годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 300 евра. Според пријавеното, лицетo му понудило огревни дрва на што истиот се согласил и заедно се упатиле на местото каде наводно биле складирани, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Откако пристигнале лицето му кажало дека ќе се врати, откако ќе го земе камионот, но отишло во неговата куќа и од неговата сопруга побарало пари во износ од 300 евра, со објаснување дека огревните дрва се сечат.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply