Почна уредувањето на излетничкото место Студена Вода во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Почна уредувањето на локалитетот „Студена Вода“, во близина на Доброшане, Кумановско, соопштија надлежните од Секторот за урбанизам од Општина Куманово.

Loading...

Ова место кое често го користат спортистите и рекреативците наскоро ќе биде уредено, опремено со опрема соодветна за излетнички места. 

Локалитетот партерно и хортикултурно ќе биде уреден, со места за одмор, ќе има детски катчиња, осветлување и стражарска служба.

Секторите за урбанизам, за локален економски развој и комунална инфраструктура, минатата година подготвија апликација до Министерството за земјоделството, односно до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за мерката која се однесува на зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните средини, односно за  уредување на излетнички места во рурални средини.

Loading...

-Аплициравме за уредување на ова место и ја добивме поддршката од ресорното министерство. Вредноста со која не подржаа изнесува е 8,16 милиони денари. Обврската на општината е плаќањето на ДДВ-то. По апликацијата беше објавена јавна набавка на која се избра изведувач кој на терен ги извршува работите, изјави, раководителката на Секторот за урбанизам, Емилија Сларидис-Јаневска.

Местото кое често го користат рекреативците, велосипедистите, спортистите ќе има кошници за отпадоци, клупи, реквизити за спорт и рекреација. Воедно, ќе биде реконструирана и чешмата како и пристапниот пат, а  ќе има паркинг места за посетителите.

Leave a Reply