Почна санацијата на улицата „Сава Ковачевиќ“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Почна санацијата на улицата „Сава Ковачевиќ“ во Куманово, информираа денеска надлежните од одделението за комунални дејности.

Loading...

Улицата која го поврзува објектот каде настава следат средношколци од поранешната административна зграда „ЗИК Куманово“ до крстосницата со Ургентен центар ќе се санира темелно.

– На оваа улица која е дел од урбана заедница претходниот период беше поставена гасификациската мрежа. Чекавме да заврши ископот и да почнеме со темелна санација која вклучува гребење на асфалт, поставување нов од пет сантиметри. На тендерот избрана е кумановската компанија „Кооп Инженеринг“, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

Улицата целосно ќе се реконструира на површина од 659 метри квадратни.
You sent
Почна изградба на водоводната мрежа на улицата „Веселин Вујовски“ во кумановската населба „Тоде Мендол“, соопштија денеска надлежните од комунални дејности од општината.
Жителите на неколку краци од оваа улица сместена во поранешни „Бараки“ ќе добијат нова водоводна мрежа.

Како што е наведено на електронскиот систем за јавни набавки, за изградба на нова водоводна мрежа на улицата „Веселин Вујовски“ и на улицата „2002“ со краците, „1“, „2“ и „4“ од шесте пријавени фирми од државава, општината склучила договор со скопската компанија „БИЛД-ИНГ ДОО“ за што од општинскиот буџет одвоени се 1.711.000 денари со вклучен данок на додадена вредност.

— Очекуваме да се заврши навремено овој инфраструктурен проект за потребите на жителите од оваа локација, изјави помошникот раководител, Момчило Јовановски.

МИА