Почна реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Славиша Вајнер“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Почна реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Славиша Вајнер“ во Куманово, соопштија денеска од одделението за комунални дејности.

Loading...

Реконструкцијата на водоводната мрежа е дел од овогодишната програма за изградба, одржување и реконструкција на водоводна мрежа на општината.

 

 

– Мрежата беше дотраена, изградена е во шеесеттите години од минатиот век. Со реконструкцијата очекуваме да се намалат дефектите на водоводната мрежа кои беа чести за овој дел од градот, изјави помошникот-раководител на одделението, Момчило Јовановски.

За реконструкцијата на мрежата општината одвои скоро милион денари со вклчуен данок на додадена вредност. Градежните работи ги изведува скопската фирма „Билд инг“.

– Поради портокаловата фаза работниците се повлекуваат во најтоплиот период од денот, кажа Јовановски.

Loading...

МИА