Почна монтажа на кровна конструкција на спортска сала во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Почна поставувањето на  кровна конструкција на  училишна спортска сала која се гради во близина на кумановското средно училиште „Наце Буѓони“.

Loading...

Изградбата на спортската сала е инвестиција на Владата која се реализира преку Министерството за образование и наука со поддршка на општина Куманово.

-После 60 години средно техничкото училиште „Наце Буѓони” во Куманово ќе добие нова училишна спортска сала благодарејќи на МОН и општината. Во тек е монтажа на покривната конструкција на објектот- објави градоначалникот Максим Димитриевски.

Општината, претходно, издаде и градежна дозвола за изградба на салата .

Изминатиов период во Куманово со средствата на Владата беа изградени и пуштени во употреба  две спортски сали, во средното стручно училиште „Перо Наков“, каде наставата се изведува на албански наставен јазик како и спортската сала  во основното „Јероним де Рада“ во кумановското село Черкези.

Текст: МИА

Leave a Reply