Почина затвореник во кумановскиот затвор

Сподели со своите пријатели

Шеесет и шестгодишен кумановец кој бил на издржување затворска казна во затворот К’шање починал вчера.

Loading...

– На 29.08.2022 во 14.12 часот во СВР Куманово, од Казнено-поправната установа Затвор Кшање – Куманово било пријавено дека починал осуденикот И.Н.(66) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Куманово.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. 

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци се тепале пред продажен објект