Почина светскиот шампион од 1982 година, Паоло Роси

Сподели со своите пријатели

Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец  Паоло Роси почина на 64-годишна возраст, објави „Газета дело Спорт“. Засега нема информации за околностите на смртта.

Loading...

Во 1982 година на Светското првенство, Роси стана најдобар стрелец и му помогна на тимот да го освои Мундијалот. Во групната фаза, тој постигна хет-трик со Бразил (3:2), а во финалето – постигна еден гол против Западна Германија (3:1).

Исто така во 1982 година, Роси ја доби Златната топка и беше прогласен за најдобар играч на СП 1982 година. Италијанецот е вклучен на списокот на ФИФА 100 и на списокот на најдобри фудбалери на 20 век според Светскиот фудбал.

Роси одигра 48 натпревари за италијанската репрезентација и постигна 20 гола. Тој играше за клубови како Виченца, Милан, Јувентус, Верона и Перуџа. Со Јувентус двапати ја освои Серија А.

Зоран Стерјовски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *