Почина последниот член на домородното племе во Бразил

Сподели со своите пријатели

Почина и  последниот член на бразилското домородно племе кое немало контакт со цивилизацијата, објави во саботата бразилската агенција за заштита на домородното население Фунаи.

Loading...

Познат како „Човекот од дупката“, тој живееше во последните 26 години во целосна изолација на домородната земја Танару, длабоко во бразилската Амазонија, во државата Рондонија.

Прекарот го добил поради неговата навика да прави длабоки дупки за да се скрие, но и да фаќа животни, пишува CNN.

Му оставиле залихи

Човекот се спротивставил на сите обиди за контакт, но властите продолжија да го следат од далеку; повремено оставајќи му залихи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наставниците во Тенеси ќе можат да носат оружје на училиште

Групата за човекови права Survival International рече дека од 1970-тите, остатокот од неговото племе било истребено во неколку рации, главно од сточари.

„Никој не го знаеше името на овој човек, ние дури и не знаеме многу за неговото племе. Со неговата смрт заврши геноцидот на неговиот народ“, изјави Фиона Вотсон од Survival International.

„Бидејќи ова навистина беше геноцид, односно сточарите кои сакаа земја и богатство намерно го избришаа целиот народ“, додаде таа.

„Почина од природна смрт“

На 23 август, службениците на Фунаи пронајдоа тело на маж во хамак во кабина. Немало знаци на борба, насилство или присуство на други луѓе во областа.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Канаѓанец починал на одмор во Куба. На семејството му испратиле погрешно тело

„Тој почина од природна смрт, а неговото тело ќе биде подложено на вештачење“, рече Фунаи.

Последното познато видео за „Човекот од дупката“ беше објавено од Funai во 2018 година. Survival International рече дека неговите напуштени живеалишта покажале траги од неговиот начин на живот – тој засадил земјоделски култури, вклучувајќи пченка и папаја, и изградил куќи од слама и слични материјали.