Поранешниот претседател на Гана, Џери Ролингс, предводник на два државни удари во оваа африканска земја со кои се направи премин кон демократија, почина вчера на 74-годишна возраст, јави државното радио Гана.
-Падна големото дрво, Гана е посиромашна, рече претседателот на Гана, Нано Акуфо Адо, испраќајќи сочувство до семејството.
Ролингс починал вчераутро по кратко боледување во болницата „Корле Бу“, во главниот град Акра.
Државните знамиња во земјата цела недела ќе бидат на половина копје, а поранешниот претседател ќе има државен погреб со највисоки почести.
Роулингс, првпат дојде на власт во 1979 година, со државен удар што го водеше како 32-годишен поручник на воздухопловните сили. Незадоволен од властите што го наследија, тој во 1981 година изврши нов удар. По демобилизацијата и основањето на партија, тој двапати беше демократски избран за претседател на Гана, функција шрто ја извршуваше во два мандати од 1993 година, а ја напушти во 2001 година.
Сашко Димевски