На педесет и четиригодишна возраст почина Игор Југ од Куманово, кој на јавноста ѝ стана особено познат по настаните од „27 април“.
Тој беше осуден за учество во немирите во Собранието на 12-годишна затворска казна, но во моментот беше на прекин на издржувањето поради влошена здравствена состојба.
Осум години помина зад решетки, а според пишувања на неговите пријатели починал од срцев удар, откако му се слошило на роденденот на неговата ќерка.
Информацијата за Курир ја потврди директорот на Управа за извршување санкции Александар Пандов.
Во изминатиот период, Југ бараше слобода и повторување на постапката за „27 април“, потенцираше дека никој од осудените не е терорист ниту сторил терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.Почина, но не ја дочека слободата.
Никола Ивановски