Почина еден од повредените во вчерашниот пожар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Шеесет и деветгодишен кумановец кој вчера бил тешко повреден откако пожар узбувнал во неговиот семеен дом, им подлегнал на повредите.

Loading...

– На 15.02.2023 во 16.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Сава Ковачевиќ“ настанал пожар во куќа сопственост на Ј.М.(69) од Куманово. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопственикот, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починал, информираат од кумановската полиција.

Со повреди се здобиле и неговите синови М.М.(33) и Р.М.(44), кои биле пренесени во болницата во Куманово за укажување помош.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијаланата противпожарна единица Куманово.

Увидот е во тек, велат од СВР Куманово.

Никола Ивановски