Почина девојчето кое изгледаше како старица: Цел живот патела од генетско пореметуање (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Адалија Роуз Вилијамс, за која сите велеа дека изгледа како старица, почина поради природата на нејзината болест. Таа имаше само 15 години.

Loading...

Тажната вест ја потврди и нејзината мајка.

„Таа допре милиони луѓе, и остави неизбришлива трага во срцето на секој од нив. Веќе ништо не ја боли, а сега танцува на музиката што ја обожавала“, стои на нејзината Фејсбук страница.

 

 

Потсетуваме дека тешката и ретка болест прогерија, која беше табу тема  пред само една деценија, денес и е многу попозната на јавноста, а на пациентите им е многу полесен животот бидејќи веќе не се исмејуваат како порано. Тие луѓе обично  живеат до 14 или 15 години.

Иако е тешко болна, оваа храбра девојка сакала да пее и танцува. Таа имаше неверојатни 6 милиони фанови на Фејсбук, а илјада луѓе и пишуваа секој ден.

Loading...

 

 

Адалија стареела десет пати побрзо од другите луѓе и поради болеста имала само 6 килограми.

Немаше коса, не одеше на училиште. Луѓето постојано зјапаа во неа, а мајката Наталија (24) и очувот Рајан (26) и рекоа дека тоа е затоа што „никогаш досега не виделе ангел“.