Почина археологот Станковски кој го пронајде Кокино

Сподели со своите пријатели

По кракто боледување почина археологот и машински инжинер Јовица Станковски од Куманово.

Loading...

Станковски  е роден 1949 година во Куманово. Дипломирал на Машински факултет во Скопје во 1975 година, а во 1986 година дипломирал на Историја на уметност со археологија исто така во Скопје.

Тој е археологот кој го пронајде Кокино. Мегалитската опсерваторија е откриена случајно во 2001 година од страна на  Станковски, а кон крајот на 2001 година биле започнати истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово.

Станковски беше долгогодишен директор на НУ Музеј Куманово, како и советник во советот на Општина Куманово.

Погребот ќе се одржи утре на градските гробишта во Куманово.

Leave a Reply