Почетокот на продолжениот викенд со врнежливо време

Сподели со своите пријатели

Како што пренесува порталот метеопро, денеска нè очекува облачно време во раните утрински часови, додека претпладне западниот дел од земјата ќе биде зафатен од врнежи од дожд.

Loading...

Истите во текот на попладневните часови ќе се рашират низ целата територија на Република Македонија, а локално во западниот дел истите ќе бидат од обилен карактер проследени со грмежи.

Пообилни врнежи од дожд локално може да се очекуваат и во северната половина од земјата, додека во текот на вечерна врнежите претежно ќе ослабнат на интензитет, освен во јужниот дел, каде повремено ќе има интензивирање и појава на грмежи.

Ќе дува умерен, повремено засилев ветер од југоисточен правец, со температура која низ котлините ќе достигне до 18 степени, а во повисоките места до 16 степени целзиусови.

Во Куманово првиот ден од продолжениот празничен викенд ќе започне со врнежи и температура од 13 степени целзиусови во раните утрински часови, која во текот на денот ќе достигне до 16 степени, но врнежливото време нема да престане. Во околината на Куманово не очекуваат и налети на угоисточен ветер со брзина од 20 километри на час, јавува порталот за временска прогноза accuweather.

Во недела исто така не очекуваат врнежи од дожд, додека во понеделник шансите за врнежи ќе бидат минимални, кога не очекува и нешто пониска температура.

Стабилизација и суво време може да очекуваме дури по крајот на продолжениот викенд, односно од вторник.

Извор: метеопро.мк/ accuweather

Loading...