ПОЧЕТОК НА МИРОТ: Преговори помеѓу Северна и Јужна Кореја, еве за што се разговарало

Сподели со своите пријатели

Двете делгации ќе се сретнат во демилитаризираната зона која всушност е граница помеѓу двете земји на Корејскиот полуостров кои никогаш не се признаваат една друга и кои практично и натаму се во војна. Во Панмунџон, на 38. паралела, Северна и Јужна Кореја потпишаа примирје по војната водена од 1950 до 1953 година.

Тоа ќе биде прв официјален разговор по две години, а последните преговори одржани се на истото место во 2015 година и траеле 44 часа без престан.

До новото затоплување на односите дошло откако лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун најави на 1. јануари во новогодишното обраќање можност за учество на севернокорејските споретисти на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја, и покрај тензиите помеѓу двете земји поради нуклеарната и балистичката програма на Пјонгјанг.

– Искрено се надевам дека ЗОИ во Јужна Кореја ќе бидат успешни. Подготвени сме да преземеме неопходни мерки, меѓу кои испраќање на наша делегација, рекол Ким во новогодишната порака и додал дека наскоро би можело да дојде до состанок на делегациите на двете земји.

Следниот ден Сеул одговори со предлог на 9 јануари да бидат одржани разговори на високо ниво со Пјонгјанг.

Во среда на 3. јануари Пјонгјанг во Панмунџон по две години во студени односи, повторно го воспостави „црвениот телефон“ – канал за комуникација со јужниот сосед, ден откако Сеул понуди дијалог како одговор на повикот на Ким Џонг Ун за подобрување на односите помеѓу двете Кореи.