Викендов сениорскиот состав на Кошаркарскиот клуб Куманово го совлада вториот тим на МЗТ Скопје Аеродром, но победи впишаа и дел од младинските состави на Куманово.
Младинските состави впишаа три победи и три порази на одиграните натпревари викендов.
М12 составот оствари две победи, против составите на Тетово и МЗТ со резултат 32:55, односно 33:22.
Кошаркарите до 16 години впишаа службена победа против тимот на Гостивар.
Порази претрпеа кошаркарите до 13 години, откако мечот КК КУманово – Партизан Мулти шпед заврши со 53:63.
Мечот Куманово – Дино Баскет, во рамките на М14 натпреварувањата, заврши со 42:63, додека во М18 Куманово претпе пораз од Работнички со 69:56.
Останува уште вечерва кошаркарите на Куманово во Втората лига да го одиграат натпреварот против Феникс, кој започнува во 21 часот.