Побаран притвор за осмомничениот за убиството во Доброшане

Сподели со своите пријатели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово поднел предлог за определување мерка притвор за едно лице осомничено за убиство на Б.И. (31) од Куманово.

Лицето вчера експресно беше приведено од страна на полицијата, а во исто време обвинителството наредило психијатриско вештачење на приведениот, како и вештачење на сите материјални докази кои биле пронајдени при претресот на неговито дом кој се одвиваше вчера.

Инаку вчера наутро во бунар во близина на црквата „Света Мина“ во кумановската населба Доброшане беше откриено телото на убиениот Б.И. кој од сабота се водеше за исчезнат и по кого трагаа семејството, пријателите и полицијата. Истиот последен пат бил виден кај месноста „Бејтови ниви“, а како завршил убиен на другата страна на градот, истрагата допрва треба да утврди.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.