По жестока расправа изгласани законите предвидени со договорот од Пржино

Сподели со своите пријатели

Со над 100 гласови ЗА, нешто пред полноќ беа изгласани сите закони кои ги предвидува политичкиот договор од Пржино, на кој потпис имаат ставено лидерите на четирите најголеми политички партии.

Loading...

Со изгласување на договорот измени и дополнувања има за три закони: Изборниот, Кривичниот и Законот за Влада, кои беа надополнети, додека како нови закони се донесени Законот за заштита на приватноста и Закон за заштита на укажувачи.

Препирања меѓу пратениците имаше само за гласањето на дијаспората, додека останатите поедноставно ја поминаа собраниската дебата.

Сега по усвојување на законите истите треба да ги потпише претседателот Ѓорге Иванов и истите да бидат објавено во Службениот весник на Република Македонија.

Инаку во текот на денешниот ден се очекува пред пратениците да се најде изборот на новите министри и замници министри.

Фото: ТВ Телма


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.