Поради земјотресот, властите во Италија издадоа предупредување за цунами на нивните брегови и ги предупредија граѓаните да бегаат од брегот на повисоките места и да ги следат инструкциите на властите.
Службата за мониторинг на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар за Ројтерс изјави дека се проценува ризикот од цунами.
Врз основа на податоците обработени од Центарот за предупредување од цунами Ингв (CAT), Одделот за цивилна заштита издаде предупредување за можни бранови од цунами на италијанскиот брег.
Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди рано утринава јужна Турција. Десетици луѓе го загубија животот, а материјалната штета е огромна.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.