По забраната за гостување на Кумани, откажан бесплатниот превоз

Сподели со своите пријатели

Членовите на навивачката група Кумани за утре имаа организирано бесплатен автобуски превоз за сите они кои сакаат да го проследат првиот финален меч помеѓу КК Куманово и МЗТ Скопје Аеродром, но откако во последен момент организаторот издаде забрана за гостување на навивачката група, превозот е откажан.

Но, како што велат од Кумани, сепак тие во 16 часот утре ќе се соберат со своите приватни возила пред Спортската сала во Куманово од каде ќе направат колона и заедно ќе тргнат за Скопје, каде како слободни граѓани ќе се обидат да влезат во спортската сала „Јане Сандански“, бидејќи организаторот истакна дека вратата ќе бидат отворени за навивачите, но не и организирани навивачки групи.

Инаку Куманово утре со почеток во 18 часот на гостински терен го игра првиот натпревар во финалето од домашното кошаркарско првенство.