По вчерашните обилни врнежи, заседаваше Општинскиот штаб за заштита и спасување

Сподели со своите пријатели

По  појава на обилни врнежи од дожд во текот на вчерашниот ден денеска се  одржа вонреден состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Loading...

На состанокот било утврдено дека главен проблем за поплавување во објектите, се приклучените атмосферски води од крововите и дворните места, во фекалната канализациона мрежа. Поради оптеретеност на мрежата, која патем е предвидена за одвод на отпадни води од кујни и тоалети, во ниските приклучни точки во мрежата, доаѓа до излевање и поплавување во внатрешни простории.

– Апел до граѓаните за разумно постапување и исклучување на атмосферските води од крововите и дворовите и нивно спроведување на улиците, доколку нема атмосферска канализациона мрежа во непосредна близина, со што би се растеретила фекалната канализациона мрежа и не би дошло до несакани последици. Исто така, во нареден период, надлежени сектори при Општина Куманово, се обврзуваат да вршат контрола, со цел, раздвојување на атмосферска од фекална канализациона мрежа, стои во соопштението од Кризниот штаб.

Јавното претпријатие „Водовод“ е задолжено во најкус можен рок да изработи техничко решение, за да се реши проблемот со атмосферските води, кои по улици од целиот град, се слеваат до булеварот „Октомвриска Револуција“ со што се оптеретува атмосферската канализациона мрежа на улицата.

– Се задолжуваат дежурните екипи на ЈП „Водовод“ Куманово, ЈП „Чистота и зеленило“ како и екипи од Територијалната противпожарна единица, со своите опрема и ресурси, да продолжат да бидат активни на терен и да помагаат во справување со евентуални нови поплави предизвикани од обилните врнежи. Општински Штаб за Заштита и Спасување, како и дежурните екипи на јавните претпријатија, противпожарната служба, Регионалниот центар за управување со кризи и МВР, и понатаму будно  ја следат ситуацијата, особено заради можни нови вренежи од дожд во попладневните часови во наредните два дена, стои во заклучоците.

Потребна помош во случај на поплавување, и понатаму, граѓаните ќе може да побараат на дежурниот телефонски број 195 на РЦУК, како и на дежурниот телефон на Општина Куманово 078365061.

Leave a Reply