По утринската магла, сончево до умерено облачно

Сподели со своите пријатели

Во првата половина од ноќта преовладуваше облачно време со локални врнежи од дожд.

Loading...

Во втората половина настапи намалување на облачноста, така што изутринава времето е сончево со умерена облачност, а по одделни котлини има појава на магла.

Во раните претпладневни часови по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот насекаде ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, особено во западните делови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од југ, односно југоисток. Температурата  ќе се движи од еден степен во утринските часови, до максимални осум во текот на денот.

Никола Ивановски

Leave a Reply