По успешното слетување, ракетата на SpaceX, сепак експлодираше (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ракетата на американската компанија SpaceX, која беше наменета за мисии на Марс, успешно слета на земја во новиот тест, но експлодираше неколку минути подоцна во настан што беше пренесуван во живо на YouTube.

Loading...

Ракетата Старшип СН10 полета од Бока Чика во 18:15 часот по локално време, за неколку минути се искачи на висина од 10 километри и потоа падна на површината покрај лансирната рампа.

Пламенот беше јасно видлив, а неколку минути подоцна се случи експлозија.

Претходно вчера, обидот за лансирање беше откажан откако беше вклучен моторот.

Директорот на SpaceX, Илон Маск, рече дека тоа е направено поради погрешни поставки за зголемување на моќноста на моторот.

Прототипите на оваа ракета експлодираа порано за време на два обида за слетување, во февруари и декември 2020 година.

Starship е вселенски брод дизајниран за повеќекратна употреба во мисии на Марс и е дизајниран да превезува до 100 луѓе.

Маск претходно изјави дека првиот тест лет кон орбитата на Земјата може да се изврши оваа година, но дека планот може да се преиспита.

Loading...

 

Leave a Reply