Нивото на водата во Нова Каховка се зголеми за повеќе од 10 метри по експлозијата што проби голема брана во градот во текот на ноќта, а градот во моментов е под вода, јави руската државна новинска агенција ТАСС, цитирајќи ги локалните власти поддржани од Русија.
РИА, друга руска државна новинска агенција, ги цитираше локалните власти кои велат дека евакуацијата започнала во голем број населби во областа Нова Каховка.
Нивото на водата во градот веднаш до пробиената брана може да се искачи на 12 метри, изјави во вторникот прорускиот градоначалник Владимир Леонтиев во изјава објавена на Телеграм.
Надлежните најавија дека во наредните 72 часа се очекува покачување на нивото на водата во градот.
Руските служби за итни случаи соопштија дека се поплавени околу 600 куќи.
Украинското главно обвинителство објави дека Украина ја истражува експлозијата на голема хидроелектрична брана на југот на земјата како воено злосторство и како можно криминално уништување на животната средина или „екоцид“.
Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат
Половина од распонот на браната е уништена, а конструкцијата продолжува да се урива по ноќните напади врз неа, објави во вторникот агенцијата ТАСС, повикувајќи се на службите за итни случаи.
Руските медиуми јавуваат, повикувајќи се на руски извори, дека е уништена и хидроцентралата Каховка.
Во вторникот Украина и Русија се обвинија меѓусебно за кревање на браната.
Гувернерот на Крим, поддржан од Русија, во вторникот изјави дека постои ризик нивото на водата во Северниот Кримски канал, кој носи свежа вода до полуостровот од реката Днепар, да се намали по експлозијата на браната.
Во изјава за Телеграм, Сергеј Аксјонов рече дека Крим во моментов има доволно резерви на вода и дека нивото на ризик ќе биде јасно во наредните денови.
Крим во голема мера зависи од водата од каналот, кој носи вода од реката Днепар, возводно од браната.
Украина го блокираше каналот откако Русија го анектираше Крим во 2014 година.
Блокадата доведе до акутен недостиг на вода на полуостровот кој заврши дури откако руските сили го зазедоа каналот во март 2022 година.
Russia blew up the dam of the Kakhovka hydroelectric power plant. What is happening and why it is dangerous? 🧵 pic.twitter.com/9VI2ukRobb
— SPRAVDI — Stratcom Centre (@StratcomCentre) June 6, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.