По три години ги расплете суканици и покажа како изгледа нејзината коса (видео)

Сподели со своите пријатели

Бел Коулмен одлучила да го сними отстранувањето на своите дредови, однсоно суканици кои на главата ги имала повеќе од три години.

Целиот процес траел неверојатни пет дена, по што добила можнсот да види како навистина изгледа нејзината коса.

– Правам нешто прилично драстично што ќе донесе многу промени во мојот живот и затоа во исто време сум многу возбудена и нервозна, вели таа.

Иако најпрвин мислила само да ги избричи своите дредови, на крајот сепак се одлучила да ги расплете.

– Ги обожавам своите суканици, но мислам дека дојде време да ги отстранам. Можеби ви изгледа дека е во прашање многу коса за една суканица, но регуларната коса редовно опаѓа секој ден. Кога имате суканици, тие остануваат и не опаѓа. Не ја почуствував својата коса три години и многу е кул тоа конечно да го сторам, вели Бел.

По поопувањето во вода и користењето на псоебен балсам, косата полека започнува да се ослободува од дредовите.

Loading...