По тресењата, Меркел данската премиерка ја пречека седејќи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Германската канцеларка Ангела Меркел седеше во текот на свечениот пречек на данската премиерка во четврток, ден откако видливо се тресеше пречекувајќи го финскиот премиер, а што беше трет забележан случај во последните три недели. Таа на овој начин го прекршила протоколот да се стои при интонирање на химната.

Loading...

Данската премиерка Мета Фредериксен седеше покрај меркел на церемонијата за добредојде со воени почести во Берлин, а потоа двете заминаа до зградата на канцеларијата. Меркел не покажуваше знаци на тресење и беше насмеана.

– Можете да претпоставите дека сум свесна за одговорноста на должноста, рекла нешто подоцна германската канцеларка.

Таа по средбата со финскиот премиер Анти Рине во среда рече дека работи на отстранување на тресењата кои за прв пат се јавиле во средината на јуни, но и дека инсистирала на тоа дека нејзината здравствена состојба е добра и дека како тресењата се појавиле еден ден, така и ќе исчезнат.

Ангела Меркел (64) канцеларка е од 2005 година и досега немала посериозни здравствени проблеми. Нејзината канцеларија за односи со јавноста не дала објаснување за состојбата.

Германскиот Билд, повикувајќи се на извори во владата, објави дека здравствената состојба на Меркел е испитана во јуни и дека е проверено дали има недостаток на минерали, но дека наодите од крвта биле уредни.

фото: printscreen youtube / Ruptly

Leave a Reply