По трагичната смрт на Павлевски: Центарот за култура ќе избира нов директор

Сподели со своите пријатели

По трагичната смрт на актуелниот директор Роберт Павлевски, инаку директор на НУ Центар за култура ”Трајко Прокопиев” во Куманово, во јавните гласила денес излезе оглас на Министерството за култура  за избор  на нов директор на Националната установа.

Loading...

Како што стои во објавата на конкурсот, новоизбраниот директор со приложување на сите документи предвидени со закон, ќе потпише нов менаџерски договор во времетраење од четири години, односно од периодот 2015 -2019 година. Огласот трае осум дена од објавувањето, со што кумановскиот Дом на култура наскоро ќе добие и нов директор.

Capture

Имено, судејќи според излезениот оглас за избор на нов директор на НУЦК ”Трајко Прокопиев” објавен на 17 септември со краен рок за аплицирање на 24 септември, Павлевски најверојатно во време на загинувањето го очекувал резизборот за директор на кумановскиот Центар за култура.

Инаку, Роберт Павлевски загина во страотна сообраќајна несреќа што се случи еден час по полноќ на 28 ноември, кога со своите колеги и сопартијци се враќаше од прославување на Комитската вечер.

Заедно со Павлевски во истиот автомобил се најдоа уште четири лица кои поминаа со телесни повреди.