Во текот на ноќта преовладуваше малку до умерено облачно време, а утрово е сончево со умерена облачност. На повисоките места дува слаб до умерен јужен ветер.
Сончево и топло време со мала до умерена облачност, најавуваат синоптичарите на Управата за хидрометеоролошки работи и за текот на денешниот ден. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно и топло време со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на повеќе места ќе надминувааат 20 степени.
Под влијание на влажен и постуден бран во понеделник во вечерните и ноќните часови ќе настапи промена на времето. Ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Врнежите ќе продолжат и во вторник, а температурите ќе бидат во значително опаѓање.