По терористичкиот напад: Во Куманово ќе се одржи собрание на градови – носители на мир (видео)

Сподели со своите пријатели

Во официјална посета на локалната самоуправа на Куманово, денес пристигна потпретседателот на “Асоцијација на градови носители на порака на мир”,  Виктор Хаџиаврам. Посетата на Хаџиаврам е поврзана со подготовка на извештај од Куманово по немилите настани на 9 мај, со оглед дека Асоцијацијата која работи под капа на ООН, се подготвува, во Куманово да го одржи наредното собрание закажано во октомври.

Loading...

Хаџиаврам беше пречекан од домаќинот на средбата, градоначалникот Зоран Дамјановски, при што беа отворени повеќе прашања поврзани со можноста, Куманово во октомври да биде домаќин на собрание на асоцијацијата, во која засега членуваат повеќе од 150 светски градови.

 

[huge_it_gallery id=”99″]

 

Куманово како општина членува во Асоцијацијата повеќе од шест години, истакна Дамјановски, со можност, градот ова година да стане домаќин на собрание на градови – носители на мир.

– По изготвувањето на извештајот, истиот ќе биде доставен до Советот на безбедност во ООН, по што ќе биде одлучено дали градот ќе биде домаќин на претстојното собрание, изјави Дамјановски.

Како активен член на Асоцијацијата на градови – носители на мир, денес сум тука, за да ја согледам ситуацијата во градот, со желба за брза стабилизација и мир, истакна Виктор Хаџиаврам, потпретседател на АГНСМ.

Loading...

Дамјановски и Хаџиаврам по протоколарната средба во општинската зграда, заминаа во посета на Дива Населба каде беа посетени неколку улици кои беа на мета на дводневниот терористички напад на 9 и 10 мај.

 

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.