По студеното утро, претежно сончев ден

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Утрото ќе биде свежо. Во текот на денот на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во планинските подрачја.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 14 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Денеска и утре утринските температури на места ќе се спуштат околу нула, а дневните ќе бидат во пораст.

Од четврток кон крајот на денот до сабота под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни.

Никола Ивановски

Leave a Reply