По синоќешниот „потоп“, денеска врнежите ќе бидат со помал интензитет

Сподели со своите пријатели

Како што јавува порталот за временска прогонза, метеопро.мк, врнежите кои во текот на ноќта беа интензивни и со обилен карактер, локално и денес во претпладневните часови ќе бидат со ист интензитет, посебно во источниот и јужниот регион.

Loading...

Во попладневните часови ќе имаме постепено намалување на интензитетот, но врнежите и понатаму ќе бидат тука. Во планинските предели и во Западна Македонија и денеска не очекуваат интензивни врнежи.

Температурата ќе има вредност од 17 до 20 степени, додека на повисоките места ќе изнесува и 15 степени целзиусови.

Во Куманово по силните врнежи кои ги имавме од вчеравечер и во текот на ноќта и денеска нема да се спасиме. Интензивните врнежи во кумановскиот крај ќе се задржат и денес, проследени со наместа засилен југоисточен ветер со брзина и до 30 километри на час.

Температурата ќе изнесува од 12 минимални во утринските часови, до максимална дневна вредност од 19 степени целзиусови.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.