По силниот земјотрес утринава, Турција се стресе уште 17 пати: 55 лица во болница (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По силниот земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, кој утрово во 8 часот и 44 минути по локално време ја погоди Адана, Турција, тлото се затресе уште најмалку 17 пати.

Loading...

Истиот регион беше погоден од последователни земјотреси, од кои најсилните беа со јачина од 4,4 степени и 3,5 степени според Рихтеровата скала, јавуваат турските медиуми.

Следуваа најмалку 17 последователни потреси во кратки интервали до 10:57 часот.

 

 

Првиот земјотрес предизвика паника во центарот на градот и околните квартови, а граѓаните истрчаа од своите домови и работни места.

Се истражува дали има штета.

Loading...

Снимките на социјалните мрежи покажуваат дека луѓето трчаат од продавницата додека работите паѓаат околу нив.

 

 

Во болница се пријавиле 55 лица

Медиумите јавуваат дека 55 лица се пријавиле во болницата во соседниот кварт Кадирли поради страв и паника за време на земјотресот.

Оние кои дошле во болница со страв од земјотрес биле на здравствена контрола во Итната помош.

Две лица скокнале од балкон за време на земјотресот и се во добра здравствена состојба.

 

Loading...