По седми пат „Шарена револуција“ во Куманово (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

По седми пат вечерва граѓаните на Куманово во организација на граѓанското движење „Протестирам“ излегоа на протестен марш преку кој го изразија своето незадоволство од одлуката на Иванов за аболиција на политичарите.

 

Loading...

 

Околу илјада протестанти се собраа пред зградата на Освнотниот суд каде со скандирање „Оставка“ и „Нема правда, нема мир“, како и „Грујо оди си“ маршираа низ улиците во централното градско подрачје, а улицата „11-ти Октомври“ беше и мета на ќеси со бои кои протестантите ги фрлија во знак на движењето „Шарена револуција“.

Протест ќе се одржи и утре во 18:30 часот кој ќе започне пред Основниот суд.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.