По Сашо Мијалков распишана и меѓународна потерница

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи и официјално ја распиша меѓународната потерница за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој од вчеравечер е недостапен и во бегство.

Loading...

Мијалков претходно се бараше со национална потерница.

На Мијалков вчера му беше определена мерка куќен притвор со 24-часовен надзор по негово пронаоѓање, односно лишување од слобода, но сè уште се трага по него. „Исчезнувањето“ на Мијалков е во пресрет на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, за масовното прислушување и уништување на опремата, за што му се заканува висока казна затвор.

Leave a Reply