По реакција на активистите: На Табановце се поставени греалки за бегалците

Сподели со своите пријатели

Втор ден како во прифатниот бегалски центар на Табановце функционираат пет греалки на гас како и три тајфун греалки од 8 киловати.

Loading...

Како што информира Регионалниот Центар за управување со кризи, во момент се одвива и бетонирање на подлога за поставување на додатни четири шатори поддржано од Министерството за труд и социјална работа.

Иако во големиот шатор наменет за бегалците е топло, сепак, според невладините активисти кои секојдневно работат на Табановце, условите се далеку од задоволувачки, со оглед дека и покрај поставените греалки, внатре е се` уште ладно, па бегалците користат ќебиња за да се стоплат.

Во моментот, во Табановце функционираат повеќе невладини организации кои работат 24 – часа во опслужување на бегалците во вид на храна, ќебиња, млеко, вода, облека, овошје, кондури, ракавици и се` што е потребно, лицата кои доаѓаат со воз од Гевгелија полесно да ги пребродат минусните температури.

Само до пред неколку дена, во Табановце немаше обезбедено греење во приемниот шатор за бегалците во кој се поставени и клупи за одмор што создаде револт кај невладините активисти, барајќи од надлежните итно да интервенираат, откако во налетот на зимските температури, стана неиздржливо да се стоплат, и бегалците, и сите чинители кои ја олеснуваат бегалската криза.