По примерот на Унгарија, и Романија со вонредни мерки против мигрантите

Сподели со своите пријатели

Романскиот министер за внатрешни работи Габриел Опреа, најави дека безбедносните мерки на границата со Србија ќе бидат зајакнати.

Loading...

”Одлучивме да ги зајакнеме безбедносните мерки на границата со Србија, како би можеле да спречиме колатерални ризици по Романија од приливот на мигранти забележан во соседните земји, вели Опреа по состанокот со Националниот комитет за специјални вонредни состојби.

Gabriel Oprea

Министерот изнесе податок дека Романија обезбедува вкупно 2.070 километри од надворешната граница на Европската Унија, од кои 546 километри се долж границата со Србија.

”На тоа гранично подрачје ќе бидат интензивирани безбедносните мерки. Ја разгледавме можнста од интензивирање на соработката со останатите национални полиции, зајакнување на оперативните способности на границата со Србија, како и воведување на опрема за деноноќно набљудување на границата”, истакна Опеа.

migranti

Фото: Reuters

Надлежните државни органи истотака одлучија да го следат развојот на ситуацијата кога станува збор за бројот на мигранти кои пристигнуваат во регионот, како романските безбедносни мерки би можеле да се прилагодат на промените во динамиката од приливот, вели румунскиот министер.

Покрај тоа, донесена е одлука да се зголемат капацитетите за прием на растечкиот број мигранти, иако, како што наведува Опреа, Романија во моментот има шест центри за прифаќање баратели на азил кои може да примат 1.500 луѓе, иако досега капацитетите се исполенти само 20 насто.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.