По повод ”Недела на детето” – децата на прием кај градоначалникот Дамјановски (видео)

Сподели со своите пријатели

Во организација на Здружението за грижа и воспитување на децата, во пресрет на целонеделната манифестација ”Недела на детето”, денес на прием кај градоначалникот Зоран Дамјановски беа деца од сите основни училишта од градот.

Loading...

DSC_0596

 

 

Најмалите членови на општеството имаа можност да видат како изгледа општината, но и поставија прашања за она што ги интересира да дознаат, меѓу кои и кога ќе почне да работи градскиот базен.

DSC_0534

 

Градоначалникот, Зоран Дамјановски им го честиташе празникот „Денот на детето“, а воедно им се заблагодари и на просветните работници за се она што им го пренесуваат на младите генерации.

Loading...

Сакам да се заблагодарам на овие деца што покажаа таква љубезност, еден воспитен профил, деца кои имаат голема одговорност према својата возраст со убави творби, интересот за градот што го покажаа, тоа зборува дека Куманово има иднина и се надевам дека целата наша борба што ја поставивме во насока да обезбедиме пристојно место и перспектива за нас е токму поради вас – изјави Дамјановски.

Децата пред градоначалникот и претставниците на локалната самоуправа и медиумите изрецитираа свои творби и покажаа особен интерес за случувањата во градот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.